„Амазон“ создава 3.000 нови работни места во Италија

од Vladimir Zorba

Како дел од планот насочен кон зголемување на инвестициите во Италија, „Амазон“ ќе создаде 3.000 нови работни места на неодредено време во таа земја.

Во соопштението се вели дека „Амазон“ кон крајот на минатата година има 9.500 вработени во Италија, на повеќе од 50 локации.

– Растот во дигиталниот сектор е можност за повторно рестартирање на таа земја и ние сакаме да придонесеме за тоа – рече шефицата на „Амазон“ за Италија – Маријангела Марсаглиа.

Таа додаде дека „Амазон“ планира да инвестира повеќе од 350 милиони евра на три нови локации што планира да ги отвори наесен во северните италијански региони Ломбардија, Пиемонт и Емилија Ромања.

Слични содржини