По повод посетата на министерот за надворешни работи на Бујар Османи на Босна и Херцеговина, се огласија од Амбасадата на Босна и Херцеговина во Скопје.
– Нечуено е дека Амбасадата на Босна и Херцеговина во Република Северна Македонија мора да добие информации од медиумите за веќе реализираната посета на високо ниво, велат оттаму.
Како што наведува иако Амбасадата, како дел од секојдневните активности и обврските за известување до Министерството за надворешни работи на БиХ, редовно доставува информации за политичките случувања во земјата на прием и многу други важни прашања, нечуено е дека Министерството за надворешни работи на БиХ да не ја информираат истата Амбасада на високо ниво, да не бара од својата амбасада информации за последните политички, економски и социјални случувања, да не го прашува својот амбасадор за потенцијални проблеми или тешкотии во неговата работа, како и да не прашува за предлози за подобрување на соработката со земјата примател.
Поточно, изјавите за медиумите покажуваат дека при посетата се разговарало и за надежта дека ќе има простор за формирање авиокомпанија на релација Скопје – Сараево, а министерката Турковиќ не помислила да се обрати во својата амбасада и да ги добие сите информации за активности.
-Инаку, од денот кога ја презедов функцијата амбасадор на Босна и Херцеговина во Република Северна Македонија до денес (околу две и пол години), министерката Турковиќ ниту еднаш не контактирала со Амбасадата по која било основа, ниту пак побарала за какви било информации за состојбата во Амбасадата, за состојбата на вработените во Амбасадата, особено имајќи предвид дека последните две години имаше пандемија на коронавирус.
Со ваквото однесување и изоставувањето на претставништвото на Босна и Херцеговина, на чело со амбасадорот од редовите на српскиот народ, министерката Турковиќ покажа дека нема соработка со тие амбасади и дека ние како Амбасада немаме поддршка од Министерството во нашата работа.
Амбасадата на Босна и Херцеговина во Скопје има одлични односи со сите институции на Република Северна Македонија, како и со многу здруженија, компании, невладини организации и слично. и покрај немањето каква било поддршка од централата, таа ќе продолжи да ја претставува Босна и Херцеговина во најдобро светло во својата работа, соопшти Амбасадата на БиХ.