
Амбасадата на САД во Скопје испрати соопштение во кое се вели дека претстојните локални избори на 15 октомври се важни за иднината на Македонија како просперитетна и стабилна демократија, целосно интегрирана во евро-атлантските институции.
Од амбасадата на САД истакнуваат дека надлежните од централната и локалната власт треба целосно да ги истражат сите наводи за злоупотреба и да преземат соодветни мерки, додека партиите, владините институции, новинарите и граѓаните, преку своите акции, ќе одредат дали процесот бил кредибилен.