Амбасада на САД: Иванов предизвика сериозна загриженост за владеењето на правото

од desk3
137 прегледи

Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Македонија изрази загриженост поради последната одлука на претседателот Ѓорге Иванов да ги запре сите судски процеси што се водат против политичари во Македонија.

bejli8

„Чекаме понатамошни детали и појаснувања. Меѓутоа, изјавата на претседателот предизвикува сериозна загриженост за посветеноста на Македонија на вледеењето на правото“, стои во реакцијата на Амбасадата на САД.

Иванов, во својот говор, објасни дека одлуката за аболиција ја донел сам, бидејќи Договорот од Пржино не ги дал саканите резултати, односно дека државата сè уште е во политичка криза, која нема изгледи да заврши ниту со претстојните избори.

 

МЕТА