Амбасада на САД за експрес измените на ЗКП: Зошто сега, зошто се брза, зошто само овие промени?

од desk3
118 прегледи

Американската амбасада на својот Твитер реагира зошто Владата одеднаш брза со промени во Законот за кривична постапка.

„САД и помагаше на Македонија со Законот за кривична постапка со години; Работната група имаше многу препораки. Изненадени сме од предложените измени: зошто сега, зошто се брза, зошто само овие промени?“

ЗНМ: Обвинителството го толерира говорот на омраза на Неделковски

Понатаму амбасадата на САД смета во извештајот на Народниот правобранител има важни наоди.

“Независни институции клуч за демократијата. Важни наоди во 2015 во Избвештајот на Народниот правобранител за човековите права и слободи во македонија”- напишаа од амбасадата.