По специјалниот пратеник, Ричард Гренел, кој побара од Приштина да ја укине зголемената такса од 100 проценти за Белград без реципроцитет, од амбасадата на САД во Приштина изјавија дека Доналд Трамп и американскиот амбасадор во Берлин имаат ист став по тоа прашање, пренесува KTV. 
Според приштинскиот „Зери“, на КТВ му било кажано од амбасадата на САД во Приштина – дека новата косовска влада треба да ја укине мерката и дека Белград треба да стави крај на својата кампања за повлекување на признавањето на независноста на Косово.