Амбасадите на САД и ЕУ осветлени во боите на украинското знаме

од Nikola Popovski
339 прегледи

Американската амбасадорка Кејт Мери Брнз им се придружи на амбасадорот на ЕУ Дејвид Гир и на украинската амбасадорка во земјава Наталија Задорожњук во осветлувањето на зградата на Делегацијата на ЕУ во боите на знамето на Украина.

-Амбасадата на САД во Скопје исто така е осветлена во жолто и сино со што стоиме заедно со нашите европски партнери во знак на солидарност со Украина, објавија од американската амбасада.

 

Во текот на вчерашниот ден, во знак на поддршка и зградата на Министерството за надворешни работи беше осветлена во боите на украинското знаме.

-24 февруари е тажен ден за Украина и мрачен ден за Европа. Со нападот врз Украина, Кремљ уште еднаш грубо го прекрши меѓународното право со кое им донесе страдање и уништување на своите непосредни соседи и го прекрши суверенитетот и границите на Украина, напиша шефот на македонската дипломатија Бујар Османи синоќа на Фејсбук.

Слични содржини