Амбасадор во Приштина: Американците не загинаа за да се создаде „Голема Србија“ или „Голема Албанија“

од Nikola Popovski
198 прегледи

Американскиот амбасадор во Приштина, Филип Коснет, изјави дека неговиот став за придружувањето на Косово кон Албанија останува непроменет.

Тој рече дека американските војници не се бореле за создавање на „Голема Албанија“.

Коснет реагираше на изјавата на лидерот на Алијансата за иднината на Косово, Рамуш Харадинај, кој најави можност за одржување референдум за обединување со Албанија, доколку Косово не напредне на патот кон ЕУ.

„Американските војници не се бореа, а некои од нив загинаа, со цел да се создаде „Голема Србија“ или „Голема Албанија“ на Балканот. Косово има корист од тоа што е мултиетничко и мултирелигиозно и приказните за „Голема Албанија“ или „Голема Србија“ на Балканот би биле предавање и неуспех и не е одговор на проблемите во земјите и регионите“, изјавил Коснет во интервју за „Газета Блиц“, а пренесува „Газета Експрес“.

Амбасадорот вели дека не сака да види како луѓето на Косово се откажуваат од создавање демократска мултиетничка заедница.