Амбасадорите на САД, ЕУ, НАТО, ОБСЕ денеска кај претседателот Иванов

од Vladimir Zorba
85 прегледи

Денеска во 10 часот претседателот  Ѓорге Иванов ќе ги прими Џес Бејли, амбасадор на Соединетите Американски Држави, Аиво Орав, шеф на Делегацијата на Европската Унија, Ралф Брет, шеф на мисијата на ОБСЕ, капетан Румен Радев, шеф на Канцеларијата за врски на НАТО и амбасадорот на Република Турција, Омур Шолендил, како НАТО контакт амбасадор, соопшти кабинетот на Иванов.

 vila-vodno

Вчера во своето обраќање претседателот Иванов рече дека за вооружената терористичка група уште на почетокот на 2015 година „писмено информиравме 17 партнерски служби на земјите од ЕвропскатаУунија и НАТО, како и земјите во регионот. Можам да констатирам дека размената на информации, со цел да се изврши превенција на намерите на групата не даде резултат“.