Амбасадорката Агелер со четка бришеше антисемитски графити во Карпош

од Nikola Popovski

Со организирање на заедничка еколошка акција, Општина Карпош и Американската амбасада денеска го одбележаа Меѓународниот ден за сеќавање на холокаустот, 27-ми јануари. Во рамки на овој настан, присуствуваа и градоначалникот на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски, aмбасадорката на Американската амбасада во Скопје, Анџела Агелер и заменик шефот на мисијата, Ерик Маер.

Од општината информираа дека вработените од локалната самоуправа задолжени за одржување на јавната чистота, заедно со вработените од Американската амбасада, одржале акција за чистење на плоштадот во населбата Бардовци.  Во оваа пригода, беа отстранети и недоличните графити од ѕидовите со антисемитска содржина.

Интересно е што и амбасадорката Агелер и градоначалникот на Карпош, Стевче Јакимовски земале четка и учествувале во бришењето на навредливите графити.

Слични содржини