Амбасадорката Дир: Украинските бранители ја имаат силата на духот што принуди многумина во светот да ги преиспитаат заедничките вредности во целина

од Stefanija Kuzmanovska
157 прегледи

Амбасадорката на Украина, Н.Е. Лариса Дир, на почетокот од своето обраќање на Конференцијата „Украина – година на хероизмот“ се заблагодари за поддршката на Украина, како и на присутните за тоа што најдоа време да се придружат на оваа конференција, која е посветена на херојската година на отпорот на Украинците, организирана со помош на ЦИВИЛ.

Таа истакна дека денес бележиме една година откако Украина го започна отпорот против бруталната руска агресија, што го промени светскиот поредок.

Во четири часот наутро на 24 февруари, 2022 година, светот се промени не само за Украинците – туку се промени воопшто и светскиот поредок. За Украинците, светскиот поредок се промени во најбруталниот можен начин – со руски ракети и ирански дронови, воени злосторства и злосторства против човештвото кои ги вршеа и сé уште ги вршат руските окупатори.

Безбедносната архитектура во Европа почна значително да се менува од февруари 2014, кога Руската федерација привремене ја окупираше Автономна Република Крим и некои делови од регионите Доњецк и Луганск во Украина. Меѓународната реакција, вклучувајќи ја и реакцијата на меѓународните организации, за противзаконската и незаконската политика на Русија требаше да биде поодлучна.

Целиот текст можете да го прочитате на следниот линк.

Слични содржини