Македонската амбасадорка во Хрватска Даниела Караѓозоска повторно со скандал меѓу дипломатите и новинарите заедница во Загреб.
За време на учеството на трибината насловена „Медиумите и демократијата“ која се одржа вчера во хрватското Здружение на новинари, македонската амбасадорка Даниела Караѓозоска посочи дека некои хрватски медиуми ги повредиле Македонците, бидејќи според неа, извествуале непрофесионално за актуелната политичка криза во земјава.
Во еден дел од своето обраќање изнесе видување за политичката криза, како и за вооружениот судир во Куманово кој, како што рече, можел да биде закана за целиот Балкан, а хрватскиот Т-портал, кој објави аматерско видео од дебатата, заклучи дека Караѓозовска од буква до буква го цитирала обраќањето на премиерот Груевски по акцијата во Куманово.
Таа ги осуди некои од хрватските медиуми, бидејќи според неа , ги навредиле Македонците во Хрватска и Македонците , и им порача во иднина да бидат внимателни со брзите информации.
