Како и Јосиф Сталин, Владимир Путин ја користи храната како оружје за војна, изјави американската амбасадорка во Обединетите нации Линда Томас-Гринфилд.
Шефицата на американската делегација во ОН ги спореди претседателот на Руската Федерација, Владимир Путин, и поранешниот лидер на СССР, Јосиф Сталин, коj го исценира Холодоморот во Украина, убивајќи милиони цивили.
„Овој месец е 90-годишнина од Холодомор, што значи смрт од глад“, рече Томас-Гринфилд за време на говорот на состанокот на Советот за национална безбедност на Белата куќа.
Таа нагласи дека во тоа време милиони украински жени, деца и мажи умреле поради суровата и репресивна политика на сталинистичкиот режим, поради вештачки предизвикан глад.
Ова „стана предупредување“ за тоа што би можело да се случи доколку бруталноста и тиранијата не се спречат, пренесува „Укринформ“.
„Но на Путин не му пречеше тоа, тој беше инспириран. Како и Сталин, Путин ја користи храната како оружје за војна. Како и Сталин, Путин предизвика глад и смрт во Украина“, нагласи Томас-Гринфилд.