Aмбасадорката Руси Поповска ѝ се заблагодари на Бугарија за згрижувањето на 14 повредени

од Nikola Popovski
234 прегледи

„Македонија е во голем шок и тага и плаче од болка. Во овој тежок момент за нас е важна севкупната солидарност и помош од нашите најблиски соседи во првите моменти од оваа огромна трагедија“, изјавила утрово македонската амбасадорка во Бугарија, Агнеса Руси Поповска по големата трагедија што ја снајде целата држава и пожарот во кочанската дискотека „Пулс“.

„Градот Кочани е прекрасно гратче. Блиску е до Благоевград. Навистина е мало, прекрасно гратче со млади луѓе. Тоа се гледа од бројот на млади луѓе кои беа во оваа дискотека. Тие отидоа да слушаат бенд кој е многу популарен не само во Македонија, туку и во целиот регион“, рекла Поповска во интервјуто за „БТВ“ запрашана за целата ситуација во нашата земја.

Поповска ѝ се заблагодари на Бугарија и трите медицински установи кои згрижија 14 повредени кои беа пренесени кај нашиот источен сосед. Апелира да се почека домашните институции да ги разјаснат причините кои довеле до оваа трагедија, за да се избегнат секакви шпекулации.

„Постојат основани сомневања за сериозна корупција. Целиот случај мора да биде целосно истражен и сите одговорни, директно или индиректно, ќе одговараат. Никој нема да биде поштеден – секој што со акција или непостапување придонел за оваа трагедија ќе одговара пред судот“, нагласила Поповска во изјавата.

Слични содржини