Амбасадорот Бејли на средба со лидерот на ДС Трајанов: СJO да работи одговорно и да престанат блокадите од државните институции

од desk3
103 прегледи
Амбасадорот на САД, господинот Џес Бејли,  во седиштето на Демократскиот сојуз, оствари средба со Павле Трајанов, претседател на Демократски сојуз.trajanov -bejli2

На средбата беа разменети мислења за актуелната политичка состојба, за бегалската криза, како и за претстојните парламентарни избори.

Во разговорот беше нагласена потребата од обезбедување на избалансирано и објективно информирање од страна на медиумите, прочистување на избирачкиот список, како и одвојување на партиите од државата, сè со цел да се обезбедат услови за фер, демократски и кредибилни избори.

Само со демократски и мирни избори можеме на граѓаните да им гарантираме слобода при нивното изјаснување.

trajanov-bejli

Демократскиот сојуз се залага за тоа креаторите на политичката криза да понесат одговорност, при што инсистира Специјалното јавно обвинителство да работи професионално и одговорно и да престанат блокадите и опструкциите од државните институции во извршувањето на неговата функција.

Трајанов, посочи дека Демократскиот сојуз, во соработка со други партии и граѓански асоцијации, се подготвува за учество на претстојните парламентарни избори, при што Амбасадорот беше информиран и за програмските приоритети на ДС