Амбасадорот на Израел во Србија го негираше геноцидот во Сребреница

од Nikola Popovski
289 прегледи

Амбасадорот на Израел во Србија, Јахел Вилан, денеска изјавил дека „Израел никогаш не прифатил злосторството во Сребреница да се нарекува геноцид“.

Вилан посочил дека „не е погрешно да се користи терминот геноцид за Сребреница“, наведувајќи дека таквиот термин „создава искривена слика за настаните“.

„Не тврдам дека холокаустот е единствениот геноцид, имаше и други случаи низ светот. Но, нарекувајќи ја Сребреница геноцид, според мене, ја намалуваме важноста на тој термин, кој треба да биде резервиран само за најтешките злосторства“, изјавил Вилан во интервју за српското издание на „Спутник“.

Зборувајќи за претстојното гласање за Резолуцијата за Сребреница, амбасадорот рекол дека Израел „ја разбира тежината на прашањето“.

„Земјите кои се повеќе политички мотивирани отколку посветени на историската вистина треба да го земат предвид влијанието на нивните одлуки врз регионот и стабилноста на Босна и Херцеговина“, нагласил Вилан.

Амбасадорот заклучил дека „политизирањето на ваквите прашања не е корисно и дека тие треба да се решаваат на морално-правно ниво, без мешање на политиката“.

Слични содржини