Амбасадорот на САД го осуди „опасно нестабилното“ однесување на Унгарија под Орбан

Прес-секретарот на Орбан истакна дека амбасадорот Пресман „веќе не се ни преправа дека е неутрален или дека избегнува да се меша во внатрешната политика.“

од Бети Божиноска
322 прегледи

Американскиот амбасадор во Унгарија, Дејвид Пресман, во редок изблик на сурова искреност вчера ја критикуваше „опасно небалансираната антиамериканска реторика“ на Унгарија и нејзината продлабочена врска со Русија, пренесува „Политико“.

Во жесток говор на Централниот европски универзитет во Будимпешта на 25. годишнина од приемот на Унгарија во НАТО, Пресман истаикна дека унгарскиот премиер Виоктор Орбан се понагласено се изолира себеси од пријателите и од сојузниците „кажувајќи и правејќи нешта што ги поткопуваат довербата и пријателството“.

„Не можеме ниту да разбереме ниту да прифатиме премиерот да ги идентификува САД како ‘главен противник’ на нашиот сојузник Унгарија. Или неговото тврдење дека владата САД се обидува да ја собори унгарската влада – буквално, ‘да го порази него’. Не можеме да игнорираме кога спикерот на унгарското национално собрание тврди дека војната на Путин во Украина е всушност ‘водена од САД’ “, посочи Пресман.

Неколку часа по говорот на Пресман, Орбан сподели видео во пост на „Х“ во кое зборува за „тешкиот период во американско унгарските односи“.

„Американската администрација очекува работи од Унгарија што ние не сакаме да ги направиме и не можеме да ги направиме,“ вели унгарскиот премиер.

Многумина ја критикуваа Унгарија за одржувањето блиски врски со Русија и покрај инвазијата на Украина. Нејзното демократско уназадување ги загрижи другите членки на ЕУ. Во септември 2022 година, Европскиот парламент издаде соопштение во кое посочи дека „Унгарија веќе не може да се смета за целосна демократија“.

Пресман го осуди недостигот од демократски дијалог со Будимпешта и нејзиното одбивање да ги реши проблемите. Признавајќи дека амбасадорите „обично не држат вакви говори во другите зојузниќки земји“, тој нагласи дека САД се надеваат оти соработката ќе остане можна.

„Со другите сојузници се ангажираме, соработуваме, работиме заедно дури и кога имаме разлики. Тука тоа не функционира – додека не дејствуваме. Не треба да се согласуваме за сè, и нема да се согласуваме. Ние дури и не треба да се согласуваме за повеќето работи. Но, јасно е дека има работи што треба да се направат,“ предупреди тој.

На барањето за коментар од кабинетот на Орбан прво одговори прес-секретарот Золтан Ковач, кој вопост на социјалните мрежи прво тврдеше дека универзитетот на кој се обратил американскиот амбасадор е финансиран од Џорџ Сорос, алудирајќи на зантисемитска теорија на заговор што го преикажува еврејскиот милијардер како ‘глобален куклар’.

Потоа, нарејкувајќи го говорот „уште еден пример за политичките махинации на лобералната левица“, Ковач истакна дека амбасадорот „веќе не се ни преправа дека е неутрален или дека избегнува да се меша во внатрешната политика.“

Слични содржини