Амбасадта на САД преку Твитер прашува за затворената седница на Уставен

од Vladimir Zorba
85 прегледи

Амбасадата на САД утринава на Твитер се огласи по одлуката на Уставнито суд да ја затвори денешната седница за јавноста. Во твитот, од амбасадата прашуваат „Зошто Уставниот суд денеска одржува седница затворена за јавноста? Транспарентноста е клучна за секоја институција“.

27889golema

Вчера и Здружението на новинари упати јавен повик до Уставниот суд да ја твори седницата за јавноста, укажувајќи дека ваквата одлука е во спротивност со Деловникот на Уставниот суд.

– Потсетуваме дека јавноста од расправите, седниците и подготвителните седници на Уставен суд може да се исклучи ако тоа го бараат интересите на безбедноста и одбраната на
земјата, чувањето на државата, службената или деловната тајна, заштита
на јавниот морал, но и во други оправдани случаи што ги определува Судот. Во овој случај не е јасно која е причината за исклучување на јавноста од седницата, кое е објаснувањето и кој ја донел ваквата одлука”, вели ЗНМ во својот повик до Уставниот суд.