Амбулантата на МВР и полициската станица – Пролет неколку часа без вода

од Nikola Popovski
84 прегледи

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје ги известува граѓаните дека поради технички зафати во електро дистрибутивната мрежа, од 09:00 до 14:30 часот, без електрична енергија ќе останат корисниците од населените места: Дивље, Сушица и Катлановска Сушица. (Општина Петровец).

Регионалниот ЦУК исто така ги известува граѓаните дека поради отстранување дефект на водоводна мрежа со пречник од ф- 500 мм на бул. Кочо Рацин (спроти Олимписки Базен), од 08:00 часот до завршување на интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од: бул. Кочо Рацин (потегот од ул.11-ти Октомври до Кеј 13-ти Ноември), ул. Тетовска, ул. Стив Наумов, дел од ул. Раде Јовчевски Корчагин, како и објектите на Амбулантата на МВР, Полициската станица – Пролет и ресторанот Ла Тана (општина Центар).

Исто така, поради изведување на водоводен приклучок ф – 80 мм на ул. 852 бб (кај Салонот Мерцедес), од 09:00 часот до завршување на интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од зградите на ул. 852. (општина Гази Баба)

Слични содржини