Америка го бара „кртот“, Американец веројатно одговорен за протекувањето тајни документи

од Stefanija Kuzmanovska
140 прегледи

Американските власти трагаат по лицето одговорно за неодамнешното протекување на тајни воени и разузнавачки податоци, а западни безбедносни експерти и американски претставници сметаат дека станува збор за личност токму од таа земја.

„Истрагата е фокусирана на претпоставката дека документите протекле од САД, бидејќи многу од објавените документи биле само во американски раце“, изјави за „Ројтерс“ поранешниот висок функционер на Пентагон, Мајкл Малрој.

Многу од документите беа фотографирани, што сугерира дека тоа е намерно направено од некој кој сакал да им наштети на напорите на Украина, САД и НАТО, изјави претходно Малрој.

Во петокот на социјалните мрежи се појавија нова серија доверливи документи, во кои се детализирани тајните детали за американските национални безбедносни интереси од Украина преку Блискиот Исток до Кина. Ова дополнително го вознемири Пентагон и придонесе за превирањата во кои се најде администрацијата на Бајден, пишува „Њујорк Тајмс“.

Според весникот, аналитичарите запознаени со обемот на протекувањето на доверливи информации велат дека очигледно се објавени повеќе од 100 документи, што, во зависност од степенот на тајност, може да биде многу штетно.

Инспекторите во моментов имаат четири или пет можни теории.

Според една теорија, се претпоставува дека зад протекувањето на податоците стои незадоволна личност која е вработена во американската разузнавачка агенција. Друга теорија тврди дека „крт“ е одговорен за протекувањето на документите, кој активно сакал да им наштетат на американските безбедносни интереси.

Слични содржини