Америка ита кон колективен имунитет со голема брзина

од Берта Китинска
263 прегледи

Повеќе од половина од возрасните во САД примиле барем една доза на вакцина против коронавирус, според официјалните податоци.

Од почетокот на имунизацијата, барем една доза добиле 50,4 проценти од околу 130 милиони жители на САД, според Центрите за контрола на болести.

Скоро една третина од населението ги прими двете дози, јави ДПА. Во групата со висок ризик, односно кај оние над 65 години, 81 процент од луѓето биле вакцинирани со првата доза, а околу две третини со втората доза.

Според Белата куќа, во просек, повеќе од три милиони вакцини се користат дневно во САД, земја со 330 милиони жители. Досега се дадени околу 210 милиони дози на вакцини.

Слични содржини