Америка ја бомбардира Сирија: Убиени најмалку осумина

од Симе Стоиков
208 прегледи

Американските сили рано утринава ја бомбардираа источна Сирија, при што загинаа најмалку седум војници и еден цивил, објавија сириските државни медиуми.

Најмалку 19 други војници и 13 цивили се ранети во напади врз воени и станбени објекти во провинцијата Деир-ел-Зор, а е забележана и голема материјална штета, јавува Ројтерс, цитирајќи сириски медиуми.

Светската здравствена организација (СЗО) денеска соопшти дека еден член на персоналот на агенцијата на Обединетите нации е убиен во воздушен напад врз градот Деир-ел-Зор.

СЗО додаде дека Емад Шехаб, инженер во градот, бил убиен рано денеска кога неговата зграда била погодена за време на серија воздушни напади низ областа, пренесува Ројтерс.

Како вработен во СЗО во тој град, Шехаб бил задолжен за водоснабдување, санитација и хигиена.

Слични содржини