Америка ја чека тешка недела

од Vladimir Zorba
213 прегледи

Џером Адамс, шеф на американската воена здравствена служба, рече дека оваа недела ќе биде „најтешката и најтажната“ за „животите на повеќето Американци“.

Тој го спореди претстојниот мрачен период поради пандемијата од коронавирусот за Соединетите држави со јапонскиот напад врз Перл Харбор во 1941 година и терористичките напади на 11 септември 2001 година.

„Сакам Американците да разберат дека, колку и да биде тешка оваа наредна недела, има светло на крајот на тунелот“, рече вице-адмиралот Адамс, пренесува Си-Ен-Ен. Властите предупредуваат дека оваа и следната недела ќе биде клучна во борбата против ширењето на вирусот.

Според вчерашните податоци, бројот на смртни случаи во Соединетите држави поврзани со КОВИД-19 надминал 8.500, со повеќе од 312.000 заразени. Американскиот претседател Доналд Трамп изјави во саботата дека оваа и следната недела најверојатно ќе биде најтешката во борбата против коронавирусот и дека „ќе има многу смртни случаи“.

„Следната недела веројатно ќе биде најлошата. За жал, ќе има многу смртни случаи“, рече Трамп.