Америка му порача на Путин да ЈА ПРИЗНАЕ РЕАЛНОСТА: „Конечно ги нарече работите со нивното вистинско име, а сега нека ги повлече силите ОД УКРАИНА“

од Vladimir Zorba
192 прегледи

Соединетите Американски Држави го повикаа рускиот претседател Владимир Путин конечно да ја препознае реалноста и да ги повлече своите сили од Украина. Пораката до Путин од САД дојде откако рускиот претседател за прв пат ја нарече инвазијата на Украина „војна“, а не „специјална воена операција“.

Да потсетиме, Путин уште од почетокот на инвазијата го нарече конфликтот „специјална воена операција“ и потпиша закон кој го криминализира нарекувањето војна – војна. Тој закон го криминализираше она што руските власти го нарекуваат „измамничка терминологија“. Сепак, самиот Путин го употреби зборот „војна“ на прес-конференција во четвртокот, велејќи дека се надева дека „војната ќе заврши што е можно поскоро“.

– Од 24 февруари, САД и остатокот од светот знаеја дека „специјалната воена операција“ на Путин е неиспровоцирана и неоправдана војна против Украина. Конечно, по 300 дена Путин ја нарече војната со вистинското име – изјави синоќа портпаролот на американскиот Стејт департмент.

– Како следен чекор во препознавањето на реалноста, го повикуваме да ја прекине војната со повлекување на силите од Украина – рече портпаролот и додаде дека „без оглед на терминологијата на Путин, руската агресија врз нејзиниот суверен сосед резултираше со смрт, уништување и раселување на луѓе“.

– Народот на Украина нема да се утеши со тоа што Путин го призна очигледното, ниту десетици илјади семејства чии членови загинаа борејќи се во војната на Путин – рече портпаролот.