📸🎥Американците се ослободуваат од автомобилите Tesla, бесни се на Маск. „Твојот шеф е нацист“

од Vladimir Zorba
94 прегледи

Кога Илон Маск го претстави „камионетот на иднината“ на Tesla во 2019 година, Филипос беше возбуден. Веднаш платил 100 долари за да се најде на листата на чекање. Филипос се опиша себеси како „вистински обожавател на Tesla“, а Cybertruck ќе биде третото возило што го купил од американската компанија. Филипос живее во предградие на Филаделфија и не сака да го открие своето презиме поради страв од одмазда на интернет. И покрај неодобрувањето на сопругата, Филипос го обожавал гломазниот пикап во форма на трапез, пишува „Гардијан“.

Сега работите се сменија. Филипос наместо Cybertruck, купи Ford F-150 Lightning. Иако неговиот друг автомобил, Model 3 Performance Tesla, помина само 50.000 километри, тој го замени за Acura во февруари. За Филипос, пресвртница била кога, како што вели, Маск извршил нацистички поздрав на инаугурацијата на Доналд Трамп во јануари.

„Не сакав да бидам оптоварен со возило кое е поврзано со нешто толку страшно. Кога поседувате такво возило, ја рекламирате таа компанија“, изјави Филипос за „Гардијан“.

Се повеќе сопственици на Tesla ги продаваат своите автомобили

Сè повеќе фанови на Tesla ги продаваат своите автомобили, ги раскинуваат договорите за закуп и се ослободуваат од акциите на Tesla. Многумина велат дека сè уште ги сакаат неговите возила, но не можат да ги поврзат политиките и однесувањето на извршниот директор со нивните вредности. Маск е синоним за Tesla. Гардијан разговараше со тројца луѓе кои неодамна се ослободија од Tesla во знак на протест против Маск. Едно лице испрати на Tesla е-пошта на која пишуваше: „Твојот шеф е нацист“.

Пејачката Шерил Кроу објави видео на Инстаграм на кое се ослободува од своето возилон. Нејзината објава гласи: „Доаѓа момент кога треба да одлучите со кого сакате да се поврзете. Збогум, Tesla“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Sheryl Crow (@sherylcrow)

Распродажбата на Tesla доаѓа поради протестите на САД против Маск. Демонстранти се собраа пред салоните на Tesla во Њујорк, Сиетл и Канзас Сити. Во Сан Франциско, приближно 100 луѓе се собраа пред салонот на Tesla со транспаренти на кои пишуваше „Маск мора да си оди“ и „Без свастикари“, што очигледно е нов прекар за Tesla.

Се појавија и неколку веб-страници и профили на социјалните мрежи против Маск. Tesla Takedown ги охрабрува луѓето да протестираат. Се појави и сметка на TikTok наречена Cybertruck hunters. Сметката на Инстаграм „Сите го мразат Илон“ дистрибуира налепници на кои пишува „Не купувај свастика“ и испраќа постери на кои пишува „Од 0 до 1939 година за три секунди“ со слика на Маск како изведува нацистички поздрав. Вандализирани се и салоните на Tesla и индивидуални автомобили. Cybertruck во центарот на Менхетен беше обоен со свастика минатата недела.

„Продавам нацистички автомобил“

Ова протестно движење против Маск почна да се шири во текот на летото, кога сопствениците на Tesla почнаа да ставаат налепници на своите автомобили: „Го купив ова пред Илон да полуди“. Ребека живее во Тампа и вели дека ја добила налепницата за нејзиниот Model 3 откако Маск го поддржа Трамп во јули. Ребека го купила автомобилот во 2020 година. Таа сакала електрично возило поради климатската криза. Таа на почетокот беше ентузијастички настроена кон Tesla, но потоа следеше честитката на Маск на денот на инаугурацијата.

„После тоа решив да го продадам автомобилот“, рекла Ребека и додала дека нејзината баба е преживеана од Холокаустот. Ребека и се јавила на мајка и и рекла: „Продавам нацистичка кола“. Автомобилот исчезнал за неколку дена.

Рон, исто така, одлучил да го продаде Tesla возилото по збогувањето на Маск, иако знаел дека ќе биде во загуба. Тој го купил својот прв Model 3 Performance во 2020 година. Три години подоцна, тој се префрлил на моделот Y. Рон вели дека тој навистина не го следел Маск во тоа време: „Почнав да забележувам што зборува и се чувствував виновен што претходно не го истражив“.

Рон вели дека му станува сè понепријатно возењето во Tesla: „Се чувствував како да возам билборд што ги поддржува неговите мисли и идеологија“. На почетокот на февруари, Рон го заменил својот Model Y, кој поминал само 25.000 километри, за Hyundai Ioniq. Тој бил во загуба од 4.000 долари. „Може да се каже дека платив 4.000 долари за да се ослободам од тој автомобил. Толку не се согласувам со неговата политика“, рече Рон.

Пад на продажбата на Tesla

Продажбата на Tesla драстично падна во текот на изминатата година. Во Калифорнија, најголемиот американски пазар за електрични возила, продажбата падна за 12%. Не е сосема јасно дали намалувањето може целосно да му се припише на Маск, со оглед на зголемената конкуренција на пазарот на електрични возила.

Во Европа, Tesla е погоденa уште повеќе.

И покрај слабата продажба, цената на акциите на Tesla порасна во 2024 година, веројатно поттикната од зближувањето на Маск со Трамп. Само ден по изборите, акциите скокнаа за 14%. Но, како што Маск се повеќе се вклучи во секојдневниот живот на новата американска администрација, тоа се промени. Акциите на Tesla паднаа за 25 отсто од средината на декември.

Слични содржини