Американците во базата во Германија почнаа да ги обучуваат украинските војници за борба

од Radmila Tasevska
176 прегледи

Во Германија во неделата почна нова американска, проширена обука за украинските војници, а целта е да се врати баталјон од околу 500 обучени војници на бојното поле во следните пет до осум недели, изјави денес началникот на Здружениот генералштаб на Вооружените сили на САД, генерал Марк Мили.

Мили, кој денес планира да го посети центарот за обука Графенвор недалеку од Нирнберг, за да види од прва рака како изгледа програмата, рече дека војниците кои се обучуваат ја напуштиле Украина пред неколку дена.

Целосен комплет оружје и опрема е достапен за обука во Германија, а досега Пентагон одбиваше да каже кога точно ќе започне обуката.

Слични содржини