Брејкденсот заврши со Олимпијадата. Како олимписки спорт, дебитираше на неодамна завршените ОИ во Париз, но нема да биде на програмата во Лос Анџелес во 2028 година.
Оваа одлука ги разочара натпреварувачите кои се надеваа дека нивните настапи ќе ја промени состојбата на работите.
„Уште пред почетокот на Игрите знаевме дека брејкденс нема да биде вклучен во Лос Анџелес. Исклучително е разочарувачки, особено затоа што не ни беше дадена шанса да го афирмираме нашиот спорт“, изјави австралиската натпреварувачка Рејчел Ган.
Според правилата што ги воведе Меѓународниот олимписки комитет (ИОК) пред неколку години, секој град домаќин има право да вклучи неколку спортови во програмата, а Лос Анџелес одлучуваше за крикет, флег фудбал, лакрос, сквош и безбол-софтбол.
Така, крикетот ќе се врати на олимписката програма за прв пат од 1900 година, додека другите спортови од списокот за првпат ќе бидат вклучени во Игрите.
Исто така, засега е познато дека боксот, петобојот и кревањето тегови се отстранети од програмата на Олимписките игри во Лос Анџелес.
Наместо тоа, скејтбордингот, спортското качување и сурфањето беа трајно вклучени во олимписката програма.
Овие три спорта имаа своевидна тест фаза во Париз и очигледно ги задоволија вкусовите на Меѓународниот олимписки комитет.