Американец ослободен од затвор во Сирија по седум месеци

од Nikola Popovski
18 прегледи

Американецот Тревис Тимерман, кој седум месеци бил затворен во Сирија е ослободен откако бунтовничките сили ја зазедоа земјата.

Тимерман изјавил за телевизиската мрежа „Ал Арабија“ дека бил добро третиран додека бил затворен бидејќи влегол во Сирија од Либан додека бил на аџилак.

Тој се појави на видеа кои кружат на интернет, а на кои бунтовниците велат дека го лоцирале и дека го штитат. Некои што ја видоа снимката првично мислеле дека тој е американскиот новинар Остин Тајс, кој исчезна во Сирија пред 12 години.

Бунтовниците, кои во неделата го соборија сирискиот претседател Башар Ал Асад, ослободија затвореници низ целата земја.

Тимерман рече дека слушнал дека и други затвореници биле мачени, но дека тој лично не бил малтретиран.

„Беше во ред. Имав храна и вода. Единственат потешкотија беше што не можев да одам во тоалет кога сакам“, изјавил тој.

Слични содржини