Американец освои џекпот на лотарија од 540 милиони долари

од Vladimir Zorba
63 прегледи

 

Засега непознат Американец викендов на игра на среќа доби џекпот во износ од 540 милиони американски долари.лото

Добитното ливче со броевите 8, 19, 20, 55 и 73 е уплатено во американската сојузна држава Индијана.

Играта „Мега Милион“ се организира во 44 американски сојузни држави, во главниот град Вашингтон и на Американските Девствени Острови, а шансата за освојување на џекпотот била 1 на 259 милиони.

Анонимниот добитник ќе може да ја добие целата сума на џекпотот од 540 милиони долари доколу прифати нејзина исплата на рати во следните 30 години. Доколку пак сака исплата на добивката одеднаш, тогаш ќе добие „само“ 380 милиони долари.

Ова е седма најголема освоена сума на џекпот во историјата на американската лотарија. Рекордниот џекпот од 656 милиони долари беше освоен во декември 2012 година.