Со виљушкар против Трамп “Ѕверот”.

Жителот на државата Северна Дакота Грегори Лингенг призна вина дека украл виљушкар со кој планирал да ја преврте лимузината на американскиот претседател Доналд Трамп, соопштува весникот “Хил”.
42-годишниот маж беше уапсен во септември 2017 година Тој влегол на приватен имот , од каде украле виљушкар, а потоа тргнал по патот по кој поминувала маршрутата на претседателската моторизираната придружба. Обвинителството смета дека Лингенг сакал да изврши атентат врз првиот човек на Белата куќа.
“Тој планирал да се доближи до лимузината, да ја преврти, да дојде до претседателот и да го убие”, се вели во соопштението на полицијата.
Тој ден Трамп јатргнал за Северна Дакота за да се запозна со менаџментот и работниците во рафинеријата.
Одбраната на Лингенг тврди дека во тоа време тој се наоѓал во “длабока емотивна криза”, а и сега поминува курс по психотерапија во затвор. / ТАСС
Прочети още на: http://bgnes.com/sviat/mezhdunarodna/4625187/