31-годишниот Брајан Реј од Лос Анџелес одлучи да стане копија на пејачката Бритни Спирс. Тој е подложен на 90 хируршки операции и потроши околу 80 000 долари, за да го исполни својот сон.
Брајан си направил ринопластика, ласерско отстранување на влакна на лицето, ги зголемил усните, не заборавил ни за филери во јаболчниците и ботокс.
За да ја задржи својата сличност со пејачката, тој применувал ласерско отстранување на влакна на секои два месеци, си ставал ботокс еднаш на половина година, четири пати годишно ја прилагодувал формата на усните. Секој месец троши околу 500 долари за нега на кожата.
Брајан Реј се вљубува во Бритни Спирс уште на 17 години и гогуби умот по неа. Тој трипати ја имал можноста да се сретне со својот идол: еднаш дури успеал да размени неколку фрази и да се сними со неа.
