281
Американски државјанин го нарушил полицискиот час во Скопје, информираат од ОЈО Скопје, при што додаваат дека е поднесе обвинителен предлог.
„Станува збор за 43-годишен државјанин на САД, кој на 28 мај се движел во општина Центар во часовите кога движењето на населението беше забрането како мерка за спречување на ширењето на коронавирусот“, велат од ОЈО и потенцираат дека со ова странскиот државјанин сторил кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик.