Американка роди огромно бебе тешко 7 кг

од Vladimir Zorba
91 прегледи

Во Јужна Каролина, САД, едно семејство доби светска популарност само за неколку часа. Причина за медиумската слава на Артур Кејслер и Синди Ричмонд е новороденото бебе кое е со неверојатна тежина од 6,5 килограми.

Колин Остин Кајсер се појавил на светот со царски рез во болница во Лексингтон, а операцијата била потребна, бидејќи бебето е со импресивни мерки.

Новороденчето уште со раѓањето создало проблеми на своите родители, бидејќи купените за него облеки не го собирале.

Затоа мајката – 37-годишната Синди Ричмонд, требало да испрати некој да донесе поголеми.

Таткото Артур Кејслер пак за локалните медиуми изјави дека сака неговиот син да стане тркач во американски фудбал.
Среќното семејство Кејслер. Фото: Facebook