Вакцината на американската биотехнолошка компанија „Модерна“ против коронавирус не предизвикува здравствени проблеми, оцени денеска Американската агенција за храна и лекови (ФДА), која треба да се состане во четврток и да донесе одлука за давање одобрение за таа вакцина по итна постапка.
Тоа ќе биде втора вакцина што ќе добие зелено светло во САД по вакцината Фајзер / БајоНТек, што се дава во американските болници од вчера.
Вакцината беше одобрена минатата недела.
„Модерна“ беше веднаш зад американски „Фајзер“ и неговиот германски партнер „Бајонтек“ во барањето за одобрување.
Анализата на ФДА исто така ја потврди ефективноста на вакцината „Модерна“ од 94,1 процент.
Веднаш штом ќе биде официјално одобрен од ФДА, „Модерна“ може да ги испорача првите дози за вакцинација во борбата против коронавирусот, кој уби повеќе од 300.000 луѓе во САД.