Американска актерка задоволна од сексот со 72-годишен маж: „Одлично е, но не се случува често“

од Radmila Tasevska

Американската актерка Лиза Рина не е срамежлива кога треба да зборува за нејзиниот сексуален живот.

Лиза има 60 години, а нејзиниот сопруг и колега Хари Хамлин е 12 години постар.

Актерката призна дека веќе не се толку често интимни, но …

„Навистина имаме одличен секс, и отсекогаш било така. Можеби тоа не се случува толку често како кога сте во 30-тите и 20-тите, би рекла. И мислам дека тоа е нормално. Тоа е природната еволуција на животот“, забележува Лиза во новото интервју, цитира Стандард лајф.

Годините и донесоа многу добри работи.

„Стигнав до точка кога на 60 години сум многу посигурна отколку на 30. Ја сакам оваа возраст затоа што сум послободна и пострасна од кога и да е“, изјави Рина.

Двојката се запознала во 1992 година, кога актерот сè уште бил во брак со Николет Шеридан, од кој се развел истата година.

Двојката беше во врска речиси пет години пред да се венчаат во август 1997 година.

Имаат две ќерки.

Слични содржини