Американска држава воведува испробан метод на погубување

од Stefanija Kuzmanovska

Јужна Каролина во средата пристапи кон воведување на стрелачки вод во методите на егзекуција во време кога има недостаток на смртоносни коктели за да се изврши смртна казна со инјекции.

Долниот дом на парламентот на таа држава на американскиот југоисток во средата донесе закон со кој на осуденикот на смрт му се дава избор помеѓу стрелачки вод и електричен стол, доколку нема смртоносни коктели за инјекции, пренесува Хина.

Законот треба да биде поддржан од горниот дом на парламентот во кој има доволна поддршка.

Републиканскиот гувернер Хенри Мекмастер изјави дека ќе го потпише законот веднаш штом ќе се најде на неговата маса.

Слични содржини