Американска рекордерка тврди: Бурито е „виновно“ за позитивен допинг тест

од Stefanija Kuzmanovska

На американската атлетичарка Шелби Хулихан и беше забрането да се натпреварува во период од четири години откако беше позитивна на тестот за забранетата супстанца, а за ваквиот исход на тркачите на средна далечина обвини состојка во бурито.

Дваесет и осумгодишната Хулихан рече дека резултатот од тестот од јануари годинава покажал присуство на анаболен стероид нандролон во примерок за допинг, а олимпијката верува дека тоа се случило затоа што јадела бурито со свинско месо ноќта пред тестирањето, пренесе БиБиСи

Таа ја негираше можноста за земање недозволени супстанции.

„Се чувствувам целосно уништено, изгубено, скршено, луто, збунето и изневерено од самиот спорт што го сакав и во кој се вложив“, рече Хулихан на социјалните мрежи.

„Уште кога започнав да трчам на 5-годишна возраст, сонував професионално да трчам, да поставувам рекорди, да освојам златен олимписки медал и да станам една од најдобрите во светот. Отсекогаш слепо верував дека сум доволно добра за да ги постигнам тие работи“, додаде таа.

„Сакам да бидам јасна. Никогаш не сум земала супстанции за да ги подобрам своите перформанси “, додаде таа.

Слични содржини