Американска војска: Војниците кои нема да се вакцинираат може да бидат отпуштени

од Vladimir Zorba
198 прегледи

Американските воени офицери кои одбиваат да се вакцинираат против коронавирусот може да бидат суспендирани од своите должности и потенцијално отпуштени, соопшти американската војска во вторникот.

Откако Администрацијата за храна и лекови целосно ја одобри вакцината Pfizer / BioNTech, секретарот за одбрана, Лојд Остин, нареди сите активни членови на војската да бидат вакцинирани.

Војската соопшти дека започнала со примена на наредбата кон крајот на август, додавајќи дека војниците можат да побараат да бидат изземени од валидни медицински, верски и административни причини.

Сепак, наредниците, високите наредници, првите наредници и офицерите на командни позиции кои одбиваат да се вакцинираат и не очекуваат ослободување, ќе се соочат со суспензија или разрешување доколку ја одбијат наредбата, се вели во соопштението на војската.

„Војниците кои ја одбиваат вакцината прво ќе бидат советувани во својата команда, но повторената непослушност може да резултира со парична казна или дисциплинска санкција – која вклучува суспензија или отпуштање“, се вели во соопштението.

„Ова е буквално прашање на живот и смрт за нашите војници, нивните семејства и заедниците во кои живееме“, рече генералот Рејмонд Скот Дингл, наведувајќи ја загриженоста за ширењето на многу заразна делта-варијанта на коронавирусот.

Од минатата недела, американското министерство за одбрана објави повеќе од 353.000 случаи на „Ковид-19“ кај вработените и повеќе од 450 смртни случаи.

Војската сега очекува нејзините активни единици да бидат целосно вакцинирани до 15 декември, а резервните единици и Националната гарда до 30 јуни следната година.

Слични содржини