Американската амбасада го поддржува инфраструктурното делување на државата, вели Ковачевски за коридорите

од Vladimir Zorba
156 прегледи

Овој проект ќе претставува голем поттик за македонската економија со оглед на тоа дека доколку ги собереме сите инвестиции кои се веќе започнати во државата, значи покрај овој патен правец коридор 8 и коридор 10Д ние веќе се наоѓаме во фаза на изградба на пругата кон Бугарија, а потоа се планира исто така изградба на пруга и кон Албанија, рече премиерот Димитар Ковачевски во гостувањето во Сител телевизија.

Како што додаде, разговорите со српските колеги се при крај во делот на брзата пруга која што ќе биде градена од Будимпешта – Белград, Белград до македонската граница.

– И веќе сме во фаза на потпишување на меморандум брзата пруга да продолжи и до нашиот главен град до новата железничка станица во Скопје. Со тоа ќе обезбедиме модерна инфраструктура која што ќе овозможи државата да има поголем економски развој и порамномерен регионален економски развој, рече Ковачевски.

Во одговор на новинарско прашање тој кажа дека соопштението на Американската амбасада е многу јасно и во него точно се наведува дека Американската амбасада го поддржува инфраструктурното делување на нашата држава.

– Исто така тие поддржуваат исто така како што јас поддржувам американски и компании од ЕУ како и од наши партнерски држави да бидат дел од нашите инфраструктурни проекти, а токму Бехтел е една од најголемите американски компании во делот на инфраструктура. Самиот договор е правен врз основа на специјалниот закон и врз основа на запазување на сите процедури и затоа и комитетот кој што работеше на подготовка на договорот и сите ресорни министерства ќе и бидат на располагање на пратениците, исто како што беа на располагање на медиумите во два наврати преку детални брифинзи да го објаснат. Истото тоа ќе се направи и за експертската јавност и за невладините организации се со цел сите да се уверат дека се работи за проект кој што прво е најголем проект, има огромно значење и заедно со другите проекти ќе има позитивен ефект на мак економија бидејќи овие инвестиции на годишно ниво ќе значат 2 проценти најмалку зголемување на БДП на државата, зголемување на вработеноста бидејќи голем број на вработени ќе работат на овој проект. Зголемување на економската активност во голем број на области бидејќи кога се работат вакви големи инфраструктурни проекти не се работи само за конкретни инфраструктурни работи, туку и за придружни индустрии од сместување на работниците, од подготовка на храна, логистика итн. Така да од ова ќе има навистина големи ефекти за државата, рече Ковачевски.

Слични содржини