Амбасадата на САД во Скопје упати видео честитка по повод 8-ми септември Денот на независноста.
Амбасадорката Анџела Агелер порача дека „на овој посебен ден се придружуваме на Северна Македонија и на сите вас во прославата на вашата Независност и вашите динамични и разновидни заедници“.
-Како и нашата независност, вашата беше тешко здобиена со безброј жртви направени од оние кои верувале во моќта на слободата и демократијата, вели Агелер во видео честитката.
🇲🇰 Честит 8-ми Септември, Денот на независноста! Gëzuar 8 Shtatori, Dita e pavarësisë! The United States proudly stands alongside you, reflecting on our strong partnership and decades of cooperation. 🇲🇰🤝🇺🇸 pic.twitter.com/n65qJDfXXI
— U.S. Embassy North Macedonia (@USEmbassySkopje) September 8, 2024
Делагцијата на Европската Унија исто така упати честитка по повод 8 Септември.
– Честитки до сите граѓани на Македонија по повод Денот на независноста!, стои во објавата на платформата Х на Делагцијата на Европската Унија.
Евроамбасадорот Микалис Рокас денеска присуствуваше на свечената академија по повод Денот на независноста – 8 Септември, што под слоганот „Заедно се бориме, заедно ќе успееме!“ се одржа во Филхармонија.
Best wishes to all citizens of North Macedonia 🇲🇰 on the occasion of Independence Day!
Честитки до сите граѓани на Северна Македонија 🇲🇰 по повод Ден на независност!
Urimet më të mira për të gjithë qytetarët e Maqedonisë së Veriut 🇲🇰 me rastin e Ditës së Pavarësisë! pic.twitter.com/aYBTmzICZr— EU Delegation to North Macedonia (@AmbassadorEU) September 8, 2024