Американската амбасада: С. Македонија и Бугарија да го решат спорот

од Nikola Popovski
222 прегледи

Северна Македонија и Албанија ги задоволија условите за почеток на преговорите, двете земји работат напорно за имплементација на потребните реформи и затоа заслужуваат да одржат меѓувладини конференции со ЕУ што поскоро, изјавија денеска од Амбасадата на САД во Скопје.

Од Амбасадата додале дека продолжува повикот до Бугарија и Северна Македонија да го решат овој билатерален спор, се вели во одговорот од Амбасадата за МИА на прашањето како САД реагираат на отворањето на бугарскиот клуб „Ванчо Михајлов“ во Битола.

Стејт департментот вчера соопшти дека САД јасно ставија до знаење дека даваат силна поддршка за влез на Северна Македонија во ЕУ.

Европската комисија исто така излезе со став дека е свесна дека отворањето на бугарскиот клуб во Битола именуван по личност која е перцепирана како високо контроверзна во Северна Македонија, предизвика силни реакции кај граѓаните.

Слични содржини