Американската амбасада во Подгорица повикува на дијалог: Силно ги поддржуваме слободата на говор, протестирањето и вероисповеста

од Nikola Popovski
139 прегледи

Амбасадата на САД во Црна Гора ги повика сите страни да се вклучат во конструктивен дијалог за Законот за слобода на религија, да покажат воздржаност и да избегнуваат ескалација на насилство или акти на насилство.

„САД силно ги поддржуваат основните слободи како што се слободата на говорот, здружувањето, собирањето и правото на поединците мирно да уживаат во слободата на религијата и верувањето“, се вели во соопштението на американската амбасада.

Црногорскиот премиер Душко Марковиќ синоќа изјави дека ќе прифати дијалог со црквата за Законот за слобода на вероисповед. Неговата изјава уследи откако митрополитот црногорско приморски Амфилохие наведе дека се подготвени да разговараат со премиерот за отстранување на Законот или сите дискриминаторски одредби во него.