Американската банка JP Morgan извршила уплата за Руската земјоделска банка

од Vladimir Zorba
140 прегледи

Обединетите нации денеска соопштија дека американската банка JP Morgan извршила уплата на сметката на Руската земјоделска банка.

„Не би оспорил дека имаше трансакција претходно овој месец во која беше вклучена банката JP Morgan, но во оваа фаза немам други детали да дадам“, рече заменик портпаролот на ОН, Фархан Хак на прес-конференција, според Ројтерс.

Соединетите Држави и дадоа дозвола на банката JP Morgan да ги обработува платежните трансакции за извоз на земјоделски производи преку Руската Земјоделска банка, но дозволата не ја отвора вратата за обновување на учеството на Русија во банкарскиот систем SWIFT, изјавија два руски извори за Ројтерс.

Слични содржини