JP Morgan ќе им плати околу 270 милиони евра на жртвите на Џефри Епштајн

од Vladimir Zorba

Американската банка JP Morgan ќе им исплати околу 270 милиони евра на жртвите на сексуална злоупотреба од страна на американскиот милијардер Џефри Епштајн, изјави денеска извор на Ројтерс кој сакаше да остане анонимен.

Споменатите жртви ја тужеа JP Morgan поради врската на банката со Епштајн, кој беше нејзин клиент неколку години.

Банката на Америка денеска објави дека постигнала „начелен договор“ за спогодба со една од жртвите на Епштајн.

Слични содржини