Ковачевски: Tој што не може да формира влада изгубил на изборите

од Milan1
276 прегледи

Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски во пресрет на парламентарните избори, изјави дека „тој што не може да формира влада изгубил на изборите“ бидејќи, како што рече, Влада се формира со минимум 61 пратеник.

-Прво, тој што не може да формира влада значи изгубил на изборите бидејќи влада се формира со минимум 61 пратеник. Ќе видиме како ќе бидат финалните резултати на 8 мај, бидејќи изборите уште не се завршени и тогаш ќе може да се разговара во однос на формирање на влада. Јас знам како изгледа формирање на влада, треба да имате 61 пратеник минимум за да формирате влада. Полека, па ние сме во избори конкуренти со ВМРО-ДПМНЕ, 8 мај нека дојде па ќе видиме, истакна Ковачевски по средбата со претставниците на раководството на Стопанската комора на северозападна Македонија.

Одговарајќи на новинарско прашање во врска со зголемувањето на националистичката реторика во рамки на кампањата, претседателот на СДСМ потенцира дека националистичка реторика не води никаде и потенцира дека овие избори се за иднината.

-Јас веќе ги имам осудено изјавите и на господин Ахмети во однос на несоодветното скандирање на плоштадот „Македонија“ бидејќи тие се анахроно скандирања кои не враќаат 20 години наназад во едно закопано минато, истакна Ковачевски

Слични содржини