Американската болница во Тирана ја демантира информацијата: Гинекологот од Шуто Оризари никогаш не работел кај нас

од desk2
104 прегледи

Американската болница во Тирана тврди дека лекарката Вјолца Мбиара никогаш не работела ниту пак, била вработена кај нив.

Изјавата на д-р Вјолца Мбиара во врска со Американската болница е неточна и измислена и сериозно го нарушува угледот на нашата компанија во регионот, тврдат од Американската болница, по неколку текстови кои излегоа во македонските медиуми.

Имено, Мбиара работи како специјалист во гинеколошката ординација во поликлиниката во Шуто Оризари. Ова работно место ѝ го овозможи претходниот министер за здравство Арбен Таравари, откако со години на жените во Шуто Оризари не им беше обезбедена континуирана гинеколошка здравствена заштита.

Во медиумите излезе информација за работното искуство на д-р Мбиара, која меѓу другото има работено и во Американската болница во Тирана.

Доказ за истото е нејзината изјава за потребите на интервјуто за порталот “Мајка и дете”:

Доаѓам од Албанија кадешто ги завршив студиите на Медицинскиот факултет во Тирана, почнувајќи од 2000 година, заклучно со 2006. По завршувањето на медицинските студии, имав двегодишна пракса во државната клиника во Тирана и тоа во период од две години (2006 – 2008 година). Специјализацијата по гинекологија ја завршив во Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство – “Koço Gliozheni” и по завршувањето на специјализацијата со просек 9,9, веднаш добив понуда за работа во американската болница во Албанија кадешто работев сè додека не се преселив со моето семејство во Гостивар. Значи, од лични причини, за да бидам заедно со моето семејство, заеднички ја донесовме одлуката да дојдеме во Македонија, односно токму тоа беше и причината што дадов оставка во болницата кадешто работев и дојдовме тука заедно со фамилијата”, изјавила Вјолца во интервјуто.