Брод на американската крајбрежна стража, кој моментално се наоѓа во Арапското Море, заплени „напредно конвенционално оружје и друг смртоносен товар“ со потекло од Иран, објави американската Централна команда (CENTOM).
Тие го заплениле смртоносниот товар на брод во Арапското Море, кој се движел кон територијата на Јемен под контрола на исламистичките бунтовници Хути.
Бродот USCGC Clarence Sutphin Jr од класата Сентинел на крајбрежната стража го лоцираше бродот, а американските сили се качија на него. Откриле повеќе од 200 пакети кои содржеле компоненти за балистички ракети со среден дострел, експлозиви, беспилотни подводни и површински возила, воена комуникациска и мрежна опрема, склопови за фрлачи на противтенковски наведувани ракети и други воени компоненти.
CENTCOM Intercepts Iranian Weapons Shipment Intended for Houthis
TAMPA, Fla. – A U.S. Coast Guard cutter, forward deployed to the U.S. Central Command (CENTCOM) area of responsibility, seized advanced conventional weapons and other lethal aid originating in Iran and bound to… pic.twitter.com/inkw4ihq1I
— U.S. Central Command (@CENTCOM) February 15, 2024
Директното или индиректното снабдување, продажба или пренос на таква помош ја прекршува резолуцијата 2216 на Советот за безбедност на ОН, објави американската војска.
„Ова е уште еден пример за малигната активност на Иран во регионот“, изјави генерал Мајкл Ерик Курила, командант на CENTOM.
„Нивното континуирано снабдување со напредно конвенционално оружје за Хутите е директно кршење на меѓународното право и продолжува да ја поткопува безбедноста на меѓународната пловидба и слободниот проток на трговија“, додаде тој.