Полициските службеници за гранична патрола во Ван Хорн, американската држава Тексас, опишаа како откриле операција за шверц на луѓе и спасиле над 30 мигранти „кои биле близу до смртта поради преголемата топлина“, пишува Kvia.com
Агентите, постапувајќи по дојава, пронашле заклучен камион во близина на ресторанот Мекдоналдс во Ван Хорн и при претрес пронашле 33 лица затрупани во товарен простор без свеж воздух на екстремно висока температура.
Официјални лица изјавија дека сите мигранти почнале да ги чувствуваат сериозните последици од изложеноста на топлината; некои биле само дехидрирани, додека барем десетина од нив морале да бидат хоспитализирани. За среќа, рекоа агентите, никој од мигрантите не починал.
„Ако нашите херојски агенти не успееја да ги ослободат овие мигранти од камионот, тука би можеле да имаме 33 смртни случаи“, рече шефот на граничната патрола, Шон Мекгофин. „Шверцерите не се грижат во какви услови ги превезуваат овие луѓе додека им ги земаат парите“.
Истражителите за национална безбедност работат на откривање на шверцерите.