Американската војска тестираше интерконтинентална балистичка ракета

од Stefanija Kuzmanovska
175 прегледи

Американската војска денеска објави дека извршила тестирање на интерконтиненталната балистичка ракета „Minutmen III“, која беше одложена поради зголемените тензии со Пекинг за време на кинеските вежби на почетокот на месецот.

Во соопштението на американската војска се наведува дека тестот „ја покажал подготвеноста на американските нуклеарни сили и обезбедил доверба во смртоносноста и ефективноста на американското нуклеарно одвраќање“, пренесува „Ројтерс“.

Во април, американската војска го откажа тестирањето на својата интерконтинентална балистичка ракета „Minutmеn III“.

Одложувањето имаше за цел да ги намали нуклеарните тензии со Русија за време на војната во Украина.

Ракетата има дострел од 9.660 километри и повеќе и може да се движи со брзина од приближно 24.000 километри на час.

Слични содржини