Американски актер почина на 28-годишна возраст

од Stefanija Kuzmanovska
284 прегледи

Стенд-ап комичарот, писател и актер Џек Најт почина во четвртокот во Лос Анџелес.

Тој почина на само 28 години, а тажната вест ја соопштило неговото семејство кое побарало приватност.

Причината за смртта не е соопштена.

Џек е најпознат по улогата во серијата „Bust down“ во која глумеше со Крис Ред, Сем Џеј и Ленгстон Керман.

Кариерата на Најт само што започнуваше. Ќе остане запаметен по неговата работа во сериите Pause with Sam Jay и Big Mouth.

Прераната смрт на младиот актер шокираше и растажи многумина, а од него се простија и многу познати личности.

Слични содржини